Рафиња: Подобри сме од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Барселона со 6-0 го доби пријателскиот натпревар против тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Рафиња го имаше своето деби за Барселона, играше во првото полувреме во кое беа постигнати три гола. Тој даде еден гол и за другите два асистираше.

„Многу сум среќен што го постигнав мојот прв гол, работите добро се одвиваа за мене. Се чувствувам многу добро и се надевам дека ќе продолжам вака“, вели Рафиња.

„Секако дека сакам да постигнам гол и против Реал Мадрид. Постигнувањето голови ви ја зголемува самодовербата, а ако дадете погодок против тим како Реал Мадрид, уште повеќе ви се зголемува самодовербата. Според мене, ние сме подобри од Реал Мадрид“.

„Многу е лесно да се игра во Барса. Сите соиграчи се многу добри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×