Рафиња одбива побогати понуди од Премиерлигата но нема вечно да ја чека Барселона

by
1 минути читање

Рафиња е една од желбите на Чави за засилување на нападот, но Барселона се уште калкулира и не преговара со Лидс за трансфер.

Според Мундо Депортиво, неговиот агент Деко следната недела ќе пристигне во Шпанија на состанок со раководството на Барса и ќе побара цврсти гаранции за реализирање на зделката.

Рафиња има неколку понуди од Премиерлигата, интерес за неговите услуги пројавуваат Ливерпул, Арсенал и Челси. Тие му нудат повеќе пари, но негов приоритет во моментов е преселба на Камп Ноу и подготвен е на „каталонците“ да им даде одреден простор но нема вечно да ги чека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани