Рафиња не му дава одговор на Челси, ја чека Барса

by
0 минути читање

Барселона има подготвено петгодишен договор за Рафиња кој тој го има прифатено. Фудбалерот чека договор меѓу клубовите.

Челси се договори со Лидс и му испрати понуда на Рафиња, но се уште нема одговор од фудбалерот кој преферира трансфер во Барселона.

Минатиот четврток Барселона понудила 50 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси и плаќање на рати. Но тоа засега не е доволно.

Според Лидс, тие засега единствено ја имаат прифатено понудата на Челси од 60 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани