Изминатово лето,
многу фудбалери решија да ја заменат Европа со Саудиска Арабија откако добија
богати понуди, а се очекува и во иднина да продолжи овој тренд.
Но Рафаел Леао
нема да биде дел од фудбалските ѕвезди кои трчаат по парите, напаѓачот на Милан
во моментов не е заинтересиран за преселба на Арапскиот Полуостров.
„Немам постигнато
големи успеси за да почнам да размислувам за преселба во такво првенство. Во
последно време многу фудбалери трчаат по пари, но за мене, титула во Лигата на
шампиони вреди многу повеќе од арапските милиони“ – вели Португалецот.
Запрашан за
заминување од Сан Сиро, тој додава: „Никогаш не се вели никогаш, но неодамна го
обновив договорот, и доколку размислувв за заминување, немаше да ставам потпис на нов договор. Па
фокусиран сум на тоа во следните две-три години да постигнам големи работи во
Милан“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.