Рафаел Леао би можел да биде големата летна трансфер-бомба во Серија А – според информациите на Il Mattino di Napoli, Наполи сериозно го разгледува потписот на португалската ѕвезда на Милан.
Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, веќе стапил во контакт со окружувањето на Леао, кое го води неговиот татко Антонио. Интересно е што од нивна страна нема цврсто „не“ за евентуален трансфер во Неапол – напротив, отворени се за понатамошни разговори.
Сепак, сè ќе зависи од иднината на Леао во Милан, особено по доаѓањето на Масимилијано Алегри на тренерската позиција. Доколку „росонерите“ отворат врата за негова продажба, Наполи ќе биде меѓу првите клубови кои ќе се обидат да го донесат.
Леао е под договор со Милан до 2028 година, но ако се процени дека е вистински момент за продажба, Наполи ќе биде подготвен.