Борусија Дортмунд мечот го почна со предност од 1-0. Челси уште од првата минута агресивно го нападна голот на германскиот тим и на крајот ја оствари целта.
По неколку одлични шанси, конечно во 43. минута Рахим Стерлинг постигна гол за ерупција на Стемфорд Бриџ и водство на Челси од 1-0.
Рано во второто полувреме по консултација со ВАР судијата покажа пенал за Челси поради игра со рака. Хаверц промаши од првиот обид, но судијата покажа повторно да се изведе пеналот поради тоа што неколку фудбалери предвреме влегоа во шеснаесетникот. Германецот погоди од втора и донесе водство за Челси од 2-0.
Челси имаше шанси и за трет гол, го даде, но им беше поништен поради офсајд. Дортмунд се обидуваше до крајот да постигне гол кој ќе го однесеше мечот во продолженија, но не успеа.
Челси беше подобар тим во двата меча и заслужено оди во четвртфинале, Борусија Дортмунд ќе се посвети на домашните обврски во Бундеслигата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.