„Радио Каталонија“: Барселона ќе го продаде Меси само за сума повисока од 222 милиони

by
1 минути читање

Лео Меси ќе
замине од Камп Ноу само доколку тоа биде историски трансфер, ова го пренесе „Радио
Каталонија“.

Аргентинецот бара
да замине за беспари, но во Барселона се уверени дека играчот нема основ да
бара едностран раскин на договорот. Лео Меси имал клаузула со која по крајот на сезоната може да
замине без оштета, но за да ја активира, требал да испрати известување 20 дена
пред 10. јуни.

Лео Меси смета
дека сезоната завршила со последниот натпревар во Лигата на шампиони, односно
пресметката против Баерн Минхен во Лисабон, но и во тој случај, не е запасен
рокот од 20 дена.

Бордот на
директори нема намера да го пушти фудбалерот беспари, и ќе даде зелено светло
за трансфер само доколку некој плати повеќе од 222 милиони евра, односно
рекордната сума со која Нејмар се пресели во ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×