На почетокот од
оваа недела, Килијан Мбапе се сретна со Насер Ал Келаифи и по состанокот почнаа
да се појавуваат написи дека напаѓачот донел конечна одлука, ниту ќе ја
продолжи соработката, ниту пак ќе направи трансфер ова лето, сака само да ја одработи последната година од договорот.
Потоа се пишуваше дека ПСЖ дополнително ќе го стегне обрачот и дури може да му забрани да не стапне на „Паркот на принцовите“.
Но утрово пристигна
информации за радикална промена во ситуцијата на Французинот, Килијан Мбапе и
ПСЖ отвориле дијалог и работат на помирување.
Кратко потоа „светците“ соопштија дека Килијан Мбапе повеќе нема да биде изолиран и ќе почне да работи под водство на Луис Енрике.
„По конструктивен
и позитивен дијалог помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе пред натпреварот против Лориент,
играчот утрово е вратен во првиот тим“ – гласеше известувањето.
Не се исклучува
можноста Килијан Мбапе да стави и потпис на нов договор со трајност до 2025
година, но и ветување дека за одредена сума ќе може да направи трансфер во Реал
Мадрид летото во 2024 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.