95
Немаше голови во регуларниот дел од мечот меѓу Влазерими и Работнички, а фаворитот подобро ги изведе пеналите и се пласира во осминафиналето.
Идентична беше и ситуацијата на Македонија Ѓорче Петров која играше со победа, мрежите мируваа во регуларниот тек, а Ѓорчепетровци беа подобри пеналџии.
Пенали се шутираа и во Македонска Каменица каде Саса го совлада Борец и направи изненадување. Во регуларниот мечот заврши 2-2.
Беласица славеше убедливо со 5-1 кај Росоман, Ренова со 4-0 го совлада Охрид, Силекс со 3-0 беше подобар од Тетекс, Шкупи со 2-1 ја победи Слога Виница. Гостивар со 5-0 го совлада Тиквеш, Пелистер со 4-0 беше подобар од Љуботен, Кожув Гевгелија со 2-1 триумфираше над Велешта.
Фото: ФК Работнички