Работнички се враќа на европската сцена, но во Дебар Маало следува темелна реконструкција – најмалку седум играчи го напуштаат клубот, а списокот на заминувања може дополнително да се прошири.
Во новата сезона „романтичарите“ нема да сметаат на странците Гандо Биала, Рашид Садик, Анес Рушевиќ, а си заминуваат и голманот Филип Илиќ, како и домашните фудбалери Стефан Лазаревиќ и Егзон Белица.
Работнички веќе ги прави првите потези на трансфер пазарот – под договор се Васко Василев кој ќе застане меѓу стативите, Дашмир Елези, Калани Алмеида, Лорент Жаку и Амир Велиќ.
Најново име во тимот е Џелил Асани. 29-годишниот стопер доаѓа од редовите на Шкупи и е фудбалер со солидно искуство, со оглед на тоа што настапувал за неколку клубови во земјава и странство.