Фудбалерите на Работнички славеа во дуелот со Тиквеш (1-0) во последниот натпревар од 23. коло на ПМФЛ.
Единствената понеделничка средба од ПМФЛ која се одигра на теренот „Петар Милошевски“ при ФФМ понуди само еден погодок и тоа од белата точка.
По прво полувреме во кое имаше по некоја шанса преку Петровиќ за гостите, а Рашид и Аломеровиќ за домашните голови немаше до финишот. Тогаш најстрога казна направи Цубара со фаул врз Анес Рушевиќ. Токму напаѓачот ја презеде одговорноста и реализира за 1-0 во 45. минута од мечот.
Ситуацијата очекувано се промени во вториот дел, Тиквеш презеде иницијатива, а домашните се бранеа. Најзрелата шанса ја имаше Даниел Миловановиќ кој ја погоди рамката од голот на Алексовски. Сепак, мрежите мируваа и средбата заврши со веќе поставениот резултат од првото полувреме.
Работнички со оваа победа одржа чекор со водечките и стигна до 44 бода, исто колку што има и Гостивар, има бод помалку од Силекс, а пет од Шкендија. Што се однесува до Тиквеш, тие се на десеттата позиција, но имаат 18 бода колку што имаат Воска Спорт и Беса.