Работеше во пекара, сега две лета по ред руши трансфер рекорди

by
1 минути читање

Матеуш Нунеш
добил дозвола да замине на лекарски прегледи во Манчестер Сити откако Вулверхемптон
и „граѓаните“ ги испеглале деталите за негов трансфер.

„Волците“
направиле компромис па паднал дил за зделка вредна околу 62 милиони евра, нешто
над 53 милиони фунти.

25 годишниот
Матеуш Нунеш има интересна животна приказна, роден е во фавела во Рио, и како
дете со семејството се сели во Португалија. Фудбалската кариера ја почнал во
нисколигаш, и пред да стане првотимец на Спортинг Лисабон, работел во
семејната пекара, станувал секое утро во 5 часот и со велосипед одел на работа.

Неговата кариера
за кратко време доживува бум, минатото лето стана најскапо засилување на
Вулверхемптон по трансферот од Спортинг вреден 45+5 милиони евра.

12 месеци подоцна
ќе собори нов рекорд, со 62 милиони евра ќе стане најскапа продажба во
историјата на „волците“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани