Изминатиов период
често се шпекулираше со враќање на Лео Меси во Барселона откако стана јасно
дека напаѓачот нема да продолжи со ПСЖ. „Каталонците“ правеа калкулации и
простор во својот буџет, но Аргентинецот на крајот се реши за авантура во САД и
го одбра Интер Мајами.
Но сега повторно кружат
гласини за преселба на Лео Меси на Камп Ноу. Според последните написи, доколку
Интер Мајами не се пласира во плеј-офот на МЛС, напаѓачот би можел да пристигне
во Барса на позајмица.
Без плеј-оф
настап, сезоната за Лео Меси ќе биде завршена на 21. октомври, и пред себе ќе има долга пауза до стартот на новата сезона во февруари 2024 година. Па се сугерира
дека тој може да ги следи стапките на Дејвид Бекам, Тјери Анри и Роби Кин, и да
се врати во Европа за да ја одржува формата.
Ко-сопственикот
на Интер Мајами, Хорхе Мас неодамна откри дека му ветил на Лео Меси шанса за
достојно да се збогува со навивачите на Барселона, па некој ова го толкуваат
како простор за враќање на Лео Меси на Камп Ноу, и покрај тоа газдата на Интер
Мајами на ум имаше пријателски натпревар помеѓу двата клуба.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.