Пулишиќ преку Иран го однесе САД во осминафиналето, таму отиде и Англија со убедлив триумф над Велс (ВИДЕО)

by
2 минути читање

САД ја добија големата пресметка против Иран која многумина ја најавуваа како многу повеќе од обичен фудбалски меч.

Американците беа подобри во првото полувреме, а клучниот момент се случи во 38. минута кога Дест со глава спушти до Пулишиќ, а тој даде гол за водство на САД од 1-0 што се покажа и конечен резултат.

Во второто полувреме Иранците се обидуваа да дојда до бод кој им беше потребен да одат понатаму, но не успеаа да постигнат гол.

Англија со три гола во второто полувреме дојде до убедлива победа од 3-0 над Велс, првиот дел беше здодевен.

Резултатот го отвори и го затвори Рашфорд, тој погоди во 50. и 68. минута, а меѓу тие два гола реализираше и Фил Фоден, во 52. минута.

Англија го освои првото место со седум бодови, САД второто со пет, Иран завршија како трети со три бода, а Велс последен со еден бод.

Во осминафиналето САД ќе игра против Холандија, а Англија против Сенегал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани