Пукна тиквата во Тотнем: Мурињо се откажа од Ндомбеле

by
1 минути читање

Беше главното
засилување за Тотнем во последното лето под кормилото на Маурицио Покетино,
меѓутоа фудбалерот од средниот ред потфрли во обидите да се докаже пред новиот
тренер Жозе Мурињо со кого имаа и јавна преписка.

Се чини дека
случајот со најскапото засилување во клупската историја на Тотнем добива
финална завршница откако на Островот известија дека клубот од Лондон веќе
изразил желба да ги разгледува понудите за Французинот кој лани беше доведен за
65 милиони фунти.

Се верува дека
Мурињо е очаен во намерата да се откаже од „вишокот“ во својот состав, а тоа
може да се случи доколку се најде заинтересирана страна за 23 годишниот
фудбалер за кого португалскиот фудбалски стратег силно верува дека не може да
се адаптира на високото ниво на игра и подготовки во Премиерлигата.

Во моментов
Ндомбеле во својата татковина во карантин откако излезе позитивен на
тестирањето за коронавирус, а што се однесува до идниот можен клуб на
фудбалерот, се верува дека постои интерес од Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани