Пу, пу неважи: Анчелоти вели дека ветувањето дадено минатата година повеќе не важи

by
1 минути читање

Прашањата за
иднината на Карло Анчелоти и интересот на Бразил беа топ тема на денешната
пресконференција на тренерот на Реал Мадрид пред натпреварот против Ваљадолид
во недела.

„Не ме изненадува
тоа што има гласини за мое заминување, и воопшто не сум загрижен. Во мислите
имам само тоа како најдобро што умеам да ја извршувам работа. Ќе продолжам се
додека Реал ми дозволува“
– вели Италијанецот.

„Ми годи тоа што
Бразил силно ме посакува, ме возбудува интересот… но мора да се почитуваат
договорите и јас сакам да го одработам мојот со Реал Мадрид“.

Минатата година,
Карло Анчелоти рече дека ќе оди во пензија кога ќе му заврши приказната со Реал
Мадрид, па стратегот беше запрашан дали ова се уште важи, а тој изненади и кратко
одговори, „НЕ“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×