ПСЖ си договори засилување од 55 милиони евра, а тоа е одлична вест и за Ливерпул

by Стефан
1 минути читање

Европскиот шампион Пари Сен Жермен постигна договор со Ајакс за трансферот на Мика Готс, кој во новата сезона ќе го засили францускиот гигант. За услугите на младиот фудбалер ПСЖ ќе плати 55 милиони евра.

Ајакс претходно ги одби понудите од 45 и 50 милиони евра, бидејќи спортскиот директор Жорди Кројф сакаше 60 милиони. Сепак, на крајот двата клуба најдоа заеднички јазик и се договорија за сума од 55 милиони евра.

Трансферот на Готс би можел да има последици и за иднината на Бредли Баркола. Французинот подолго време се поврзува со Ливерпул, а според информациите, веќе ги договорил личните услови со англискиот клуб.

Проблем досега беше ставот на ПСЖ, кој не сакал да го пушти Баркола за сума помала од 125 милиони евра. Сега, со доаѓањето на Готс, ситуацијата би можела да се промени, бидејќи Баркола би можел да добие помала улога во тимот.

Ливерпул се очекува повторно да тргне по офанзивецот, кој би можел да биде едно од главните засилувања во нападот. Покрај него, „црвените“ го доведоа и Виктор Муњоз, кој во текот на летото пристигна од Осасуна за 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×