ПСЖ сака нов „случај Нејмар“ – со 250 милиони евра ја тестира Барселона!

by Стефан
1 минути читање

Францускиот шампион ПСЖ, и покрај тоа што изгледа речиси невозможно, не се откажува од идејата да го доведе Ламин Јамал.

Тинејџерот кој игра во одлична форма и стана еден од носителите на играта на каталонскиот гигант, но и шпанската репрезентација сериозно го привлече вниманието на парижаните. Во клубот од „Паркот на принцовите“ се надеваат дека би можеле да ја повторат сензацијата од 2017 година, кога го доведоа Нејмар од Барселона за тогаш рекордни 222 милиони евра.

Сепак, според британските медиуми, овој пат ПСЖ е подготвен да оди и чекор понатаму и да понуди неверојатни 250 милиони евра за да го ангажира 17-годишниот шпански репрезентативец.

Јамал има договор со Барселона до 2031 година, а раководството на клубот засега нема намера да прифаќа никакви понуди за својот најголем талент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×