ПСЖ освои тројна круна и влезе во одбрано друштво од девет клуба

by riste
1 минути читање

Пари Сен Жермен конечно го оствари сонот. Францускиот шампион ја освои Лигата на шампионите по победата во финалето над Интер (5-0) и така за првпат во својата историја освои „триплета“ – титула во Лига 1, трофеј во Купот на Франција и европска круна.

Во спектакуларното финале на најелитното клупско натпреварување, избраниците на Луис Енрике ја потврдија својата доминација на сите фронтови сезонава. ПСЖ на крајот од сезоната може да се пофали со трите елитни пехари. Сепак, победата во Лигата на шампионите ја заокружи најуспешната сезона во историјата на клубот.

Со ова, ПСЖ стана деветтиот клуб во историјата на европскиот фудбал што успеал да освои „триплета“, приклучувајќи се на елитното друштво во кое се наоѓаат Манчестер Јунајтед, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Интер, Ајакс, Селтик и ПСВ.

Нема сомнеж дека оваа генерација на парижани има потенцијал да доминира во еврпскиот фудбал во годините кои следат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани