ПСЖ не прави отстапки, Ливерпул ќе треба да реализира рекорден трансфер за ангажман на Баркола

by bojan
1 минути читање

„Светците“ немаат намера лесно да се откажат од Бредли Баркола, шампионот на Франција го известил Ливерпул дека се потребни најмалку 160 милиони евра за ангажман на офанзивниот фудбалер.

Бредли Баркола се посочува како прва желба на Ливерпул за наследник на Мо Салах и изминативе денови беа интензивирани преговорите помеѓу двата клуба.

Се најавуваше дека „црвените“ ќе понудат помеѓу 115 и 130 милиони евра, но очигледно ова нема да биде доволно.

Како што пренесува „Ле Паризен“, ПСЖ го известил Ливерпул дека ќе бидат потребни најмалку 160 милиони евра за ангажман на репрезентативецот на „триколорите“.

„Светците“ немаат намера да прават отстапки и нема да разгледуваат понуди под таа сума.

Доколку Ливерпул реши да бркне толку длабоко во џебот, тоа ќе значи нов рекорд за најскап трансфер во историјата на Премиерлигата, и трет најскап трансфер на сите времиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×