ПСЖ лесно го победи Брест и испрати порака пред меѓусебниот двомеч во ЛШ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Пари Сен Жермен немаа проблеми и славеа победа од 2:5 во Лига 1 против Брест.

Вистински предводници на гигантот од Париз беа Осман Дембеле и Гонзало Рамош. Французинот постигна хет-трик, додека Рамош беше стрелец на два гола.

ПСЖ со оваа победа ја продолжи доминацијата во натпреварите против Брест кој 40 години нема победа против „светците“.

Двата тима ќе се сретнат и во плеј-офот за место во осминафиналето од Лигата на шампионите на 11 и 19 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани