ПСЖ го продава Баркола и носи дури три засилувања за офанзивата!

by bojan
1 минути читање

„Светците“ со продажба на Бредли Баркола можат да финансираат дури три засилувања за офанзивата – Магнес Аклиуш, Феран Торес и Мика Годтс.

Ливерпул прави напори да го ангажира Бредли Баркола, веќе се договори со Французинот и сега треба да најде заеднички јазик со ПСЖ за висината на трансферот.

„Светците“ бараат помеѓу 150 и 170 милиони евра, и останува да се види дали „црвените“ се подготвени да бркнат толку длабоко во џебот.

Доколку ПСЖ ја добие бараната сума, ќе може да покрие дури три засилувања за офанзивата.

Шампионот на Франција и Европа веќе го договори Магнес Аклиуш од Монако во зделка вредна околу 50 милиони евра.

Оваа недела беа отворени преговори и со Барселона за Феран Торес, и се верува дека и за овој трансфер ќе бидат потребни околу 50 милиони евра.

Последното име на списокот е младиот Мика Годтс од Ајакс, за кого директните преговори ќе продолжат по утрешниот натпревар против Астон Вила во Суперкупот на УЕФА. Клубот од Амстердам бара околу 60 милиони евра за перспективниот белгиски играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×