„Светците“
направија голема реконструкција ова лето, од Париз си заминаа многу фудбалери,
помеѓу кои и двете звучни имиња, Лео Меси и Нејмар.
И додека е
прерано да се каже како ќе се осети нивното отсуство на терените, Л’Екип вели
дека раководството на ПСЖ за кратко време сфатило колку биле важни Аргентинецот
и Бразилецот.
По нивното
засилување, ПСЖ изгубил неколку десетици милиони следбеници на социјалните
мрежи, само на Инстаграм бројката е 10-15 милиони следбеници.
Многу прашалници
има и кај спонзорите, кои решија да платат екстра по пристигнувањето на Лео
Меси во Париз. Како пример е посочена компанијата Crypto.com која плаќа 8,5 милиони евра по сезона а
соработката е тригодишна. Тие барат да се модифицираат сумите поради тоа што Аргентинецот
и Бразилецот не се повеќе дел од клубот.
Катарските
спонзори како Аспетар, Оредо и Катар Ервејс пак премногу бавно ги исполнуваат
своите обврски кон клубот.
Проблем има и со
продажбата на билети, претходно тие се продавале за миг и достигнувале луди
суми на местата за препродажба, но повеќе не е така.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.