ПСЖ во Милано по потписот на Шкрињар, но Интер сега бара премиум цена од 90 милиони евра

by
1 минути читање

ПСЖ цело лето се
поврзува со ангажман на Милан Шкрињар, се верува дека „светците“ веќе си подале
рака со Словакот, но никако да пронајдат заеднички јазик со Интер за висината
на обештетувањето.

Интер постави
цена од 70 милиони евра, додека пак ПСЖ одбиваше да понуди повеќе од 60 милиони
евра.

Газета дело Спорт
пишува дека преставници на ПСЖ денеска ќе бидат во Милано со намера да го
договорат трансферот и на маса да стават предлог вреден 60+5 милиони евра.

Сепак, со оглед
на тоа дека има само две недели до крајот на трансфер пазарот и Интер повеќе не
може да ги ангажира дефанзивците кои ги имаше на ум (Бремер и Миленковиќ),
„нероаѕурите“ поставуваат нови услуви и бара 80-90 милиони евра за продажба на
Милан Шкрињар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×