ПСЖ во финалето ќе игра и против традицијата, треба да направи нешто што не му успеало на ниту еден француски клуб

by
1 минути читање

Баерн Минхен и
ПСЖ во недела ќе се борат за трофејот од најелитното европско натпреварување.
Од она што до овој момент го прикажаа, „баварците“ се фаворити, но не треба да се
потценува тим кој во своите редови има напаѓачи како Нејмар и Мбапе.

„Светците“ немаат
многу искуство од вакви големи натпревари, за нив ова е прво финале, а против себе ќе ја имаат и
традицијата.

Екипи од Германија и Франција три пати се сретнале во финале
во Европа, и во сите три наврати, како победник испаѓале Германците. Во два
случаи тоа бил токму Баерн Минхен.

Дали доминацијата ќе продолжи, или во четвртиот обид Французите конечно ќе слават, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×