ПСЖ убедливо го победи Монако, Дембеле конечно даде деби гол! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Прв на гол се израдува Монако, но бадијала, погодокот на Вандерсон беше поништен поради офсајд.

Во 18. минута Рамош донесе водство на ПСЖ од 1-0, но само четири минути подоцна Донарума направи кардинална грешка и му подари погодок на Минамино кој го изедначи резултатот на 1-1.

На пет минути пред крајот на првото полувреме ПСЖ доби пенал, Мбапе беше прецизен од белата точка и го врати водството на својот тим.

Во 70. минута Дембеле по еден продор од десната страна даде гол за предност од 3-1. Ова беше негов прв гол во дресот на ПСЖ.

Само две минути подоцна Витиња погоди за 4-1, а брзо потоа Балоган намали на 4-2.

Конечните 5-2 за ПСЖ ги постави Коло Муани во 97. минута од натпреварот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×