ПСЖ со драстични мерки, фудбалери кои играа во Лигата на шампиони ќе ги испрати во петта лига!

by
1 минути читање

Кристоф Галтие и
Луис Кампос шкртнаа неколку фудбалери, на кои им беше кажано дека не се дел од
проектот на клубот, не се вклопуваат во плановите и треба да си заминат.

Групата составена
од Андер Ерера, Лајвин Курзава, Јулијан Драксле и Рафиња, месец дена тренира
одвоено од првиот тим, а неодамна им се приклучија и Мауро Икарди, Тило Керер и
Идриса Геј.

Тие се
придржуваат до мерките кои му се наметнати на првиот тим, мораат да дојдат порано
на тренинг и да појадуваат заедно, но потоа одат да работат одвоено од
останатите.

Како што
пренесува Л’Екип, ПСЖ размислува за драстични мерки, и во случај овие играчи да
не најдат нов клуб, ќе бидат дел од резервниот тим кој настапува во петтата
лига на Франција.

Ова ќе биде тешка
казна за фудбалери кои се навикнати да бидат дел од Лигата на шампиони, а не да
играат во ниските лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани