ПСЖ продолжува да ја полни касата со „петродолари“, Верати денеска пристигнува во Доха

by
1 минути читање

ПСЖ добро се
офајди ова лето од зделките со арапските клубови, Нејмар беше продаден на Ал
Хилал за 90 милиони евра, Џини Вајналдум се пресели во Ал Етифак за 8 милиони
евра, а Абду Диало заврши во Араби за 15 милиони евра.

На сметката на
„светците“ сега ќе легнат нови 45 милиони евра, Марко Верати денеска ќе
пристигне во Доха за да го комплетира трансферот во Ал Араби.

За Италијанецот
ова лето интерес пројавија неколку гиганти од Европа, како Барселона, Челси и
Баерн Минхен, но тие понудиле само позајмица.

ПСЖ инсистираше
на дефинитивна продажба, и тоа за убава сума, па клубовите од Катар и Саудиска Арабија беа
единствените расположени да го сторат тоа, а на крајот Ал Араби се сложи да
одвои 45 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани