ПСЖ нема да му дозволи на Мбапе да се качи во авионот?!

by
1 минути читање

Ле Паризиен
денеска објави дека ПСЖ ќе направи се за да го продаде Килијан Мбапе ова лето,
„светците“ се подготвени да играат валкано со цел да го натераат напаѓачот да
направи трансфер наместо беспари да замине од Париз летото во 2024 година.

Една од опциите е
на Килијан Мбапе да му биде забрането да се качи во авионот и да отпатува на
турнеата во Јапонија.

Килијан Мбапе
треба да се пријави на подготовките за новата сезона на 17. јули, и многумина сметаат дека ова е
еден од клучните датуми ова лето. Пет дена подоцна, ПСЖ патува во Јапонија каде
ќе одигра неколку контролни натпревари, и големи се шансите напаѓачот да биде оставен во Париз и на овој начин да се изврши притисок за решавање на иднината.

Според договорот,
Килијан Мбапе треба да добие 60 милиони евра плата за последната година, плус
90 милиони евра за лојалност, па тој има доста причини зошто да одбие трансфер
ова лето и да остане уште 12 месеци во ПСЖ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани