Познатиот новинар од Скај Спортс Италија, Џанлука Ди Марцио вели дека Рома му демантирала дека Мурињо би можел да замине во ПСЖ.
Раководството на Рома и Португалецот работат на плановите за следната сезона и се тече според планот.
И италијанските медиуми веруваат дека Мурињо ќе си остане на зборот и нема да ја напушти Рома.
По крајот на сезоната тој рече дека 100 проценти останува во Рома следната сезона и им кажа на фановите да не се секираат дека можат да го загубат.
Оваа недела тој одржа предавање на Универзитетот во Лисабон и на студентите им ја потенцираше својата позиција.
„Сакам да бидам во Рома. Не ми се допаѓа кога губам, а губам повеќе отколку во другите клубови, но луѓето ме сакаат и имам голема емпатија со луѓето во клубот и надвор од него. Никој не ме излажал, никој не ми ветувал работи што не можеме да ги направиме на трансфер пазарот. Во Рома сум, бидејќи сакам да сум таму“, им рече Мурињо на студентите.
Џанлука Ди Марцо тврди дека единственото име за нов тренер на ПСЖ со кое клубот разговара е тренерот на Ница, Кристоф Галтие. Тоа е чудно ако се земе во предвид дека парискиот клуб се поврзуваше со Зидан и Конте.