Наместо да го продадеа минатото лето, ПСЖ го направи Мбапе да биде поголем од клубот давајќи му мега договор со многу бонуси и огромна плата.
Мбапе одлучил да чека да му истече договорот, а потоа да замине како слободен играч во Реал Мадрид следното лето.
Но, евентуално и да замине ова лето некаде на едногодишен договор, Мбапе нема да го направи тоа пред 1. август. Тогаш треба да добие бонус за лојалност од 60 милиони евра од ПСЖ.
ПСЖ го отстрани Мбапе од тренинзите на првиот тим, но тој од 1. септември може да ги тужи ако се остварат најавите дека ќе седи на трибини или на клупа под казна зашто не го продолжува договорот, а со тоа многу брзо ќе го добие случајот на штета на клубот.
Ал Келаифи рече дека нема да го пуштат Мбапе да си замине беспари. Или ќе го продолжи договорот или ќе го продадат ова лето.
Но, реалноста е сосема поинаква, за се се прашува фудбалерот, и од него зависи дали ќе се сака да биде продаден или да остане во клубот до крајот на договорот, односно до јуни 2024. ПСЖ е должен додека е таму да му ја полни сметката со ветените пари во актуелниот договор на име на плати и бонуси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.