ПСЖ не може да се помири со трансферот на Мбапе во Мадрид, мерка нова ѕвезда на Реал

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ ја следи ситуацијата на Винисиус Жуниор и сака да го ангажира Бразилецот како замена за Килијан Мбапе.

„Светците“ ова лето останаа без својата најголема ѕвезда, Килијан Мбапе беспари си замина од Париз и направи трансфер во Реал Мадрид.

Очигледно раководството на ПСЖ тешко се помирува со ова, па гледа како да им се реваншира на „кралевите“ а последните информации велат дека клубот од „Паркот на принцовите“ го меркаат Винисиус Жуниор.

Сепак, една ваква зделка во моментов е невозможна, како прво, Реал Мадрид нема намера да го продаде Бразилецот, а како второ, самиот напаѓач нема желба да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

ПСЖ претходно се поврзуваше со Родриго, за кого се пишува дека би можел да го напушти Реал Мадрид поради големата конкуренција за место во форот по пристигнувањето на Килијан Мбапе и Ендрик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани