Виктор Осимен
игра во одлична голгетерска форма и со добрите партии во Серија А го привлече вниманието
на многу клубови.
Како што
пренесува Радио Монте Карло, напаѓачот е цел број 1 на ПСЖ, на овој трансфер
инсистира Луис Кампос, човекот кој го откри Виктор Осимен и го донесе во Лил.
Се говори дека
веќе се остварени неколку средби со агентите на Нигериецот и тој е отворен за
идејата да се пресели во Париз.
„Светците“ сега
ќе треба да најдат заеднички јазик со Наполи за висината на трансфер сумата,
која ќе биде 100+ милиони евра.
ПСЖ нема намера да одвои
толку многу пари, па ќе се обиде да вметне двајца играчи во зделката, односно
Мауро Икарди и Леандро Паредес.
Двајцата се добро
познати во Серија А, Мауро Икарди беше член на Интер а Леандро Паредес во
моментов настапува на позајмица во Јувентус, претходно беше член на Рома.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.