Килијан Мбапе и
неговата желба да замине од ПСЖ и понатаму е топ тема, секој ден има нови
информации за несогласувањата помеѓу напаѓачот и раководството.
Новинарот Ромен
Молина вели дека една од причините за незадоволството на Килијан Мбапе е
трансфер пазарот кој го одработија „светците“.
Кога го потпишал
новиот договор, Килијан Мбапе добил ветување за три големи засилувања и
ангажман на Роберт Левандовски, Милан Шкрињар и Бернардо Силва.
„Светците“ не успеаја
да донесат ниту едно од овие имиња, Роберт Левандовски заврши во Барселона,
Интер одолеа на сите понуди за Милан Шкрињар а Бернардо Силва остана во
Манчестер Сити.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.