Наводно, ПСЖ се согласил да му исплати на Килијан Мбапе дел од бонусот за лојалност кој треба да го добие доколку и следната сезона остане во клубот.
Единствена опција за трансфер на Мбапе е Реал Мадрид, се очекува во наредниот период сите три страни (двата клуба и Мбапе) да седнат на маса и да бараат решение како да се реализира трансферот.
ПСЖ инсистира дека нема да дозволи Мбапе да им замине како слободен играч идното лето, а за тоа да се случи мора да најде начин како да го продаде сега. Францускиот клуб е подготвен да направи неколку отстапки од првичните ставови со цел да ќари од заминувањето на својот најдобар фудбалер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.