ПСЖ му дава на Сити да си бира една од две ѕвезди за да го добие Бернардо Силва

by
2 минути читање

Бернардо Силва има договор со Манчестер Сити до јуни 2025 година, а клубот не сака да се откаже од фудбалерот за сума помала од 80 милиони евра.

ПСЖ е подготвен за преговори, но не сака да ја плати високата сума, туку нуди играч со кој значително би ја намалил цифрата која треба да ја платат, дури ако е можно тоа да биде трампа „глава за глава“.

Францускиот клуб му нуди на Сити да бира од Донарума и Верати.

Се верува дека Пеп Гвардиола не е заинтересиран за нов голман бидејќи го има Едерсон, но може да загриза за Верати кој и претходно се поврзуваше со Сити.

@2024 – Сите права задржани