Откако Нејмар дознал дека Мбапе побарал од раководството на ПСЖ да го продаде Бразилецот, го сменил односот кон француската ѕвезда. Тие не зборуваат, а тензијата меѓу нив може да се види и на теренот.
Во ПСЖ се свесни дека имаат проблем, според „Л’Екип“, тренерот Кирстов Галтие и спортскиот директор Луис Кампос ќе се обидат да ги смират Нејмар и Мбапе.
Раководството на клубот сака овој проблем да биде решен што е можно побрзо, додека сезоната се уште е на почеток и додека не стартувале предизвиците во Лигата на шампионите.
Нејмар се чувствува предаден од страна на Мбапе и нејасно е дали нивниот однос може да биде ист како порано, но од клубот ќе се обидат барем двајцата да не покажуваат емоции на нетрпеливост на теренот за време на натпреварите.