ПСЖ на пазарот веќе разгледува алтернативи за Мбапе, на листата се Жоао Феликс, Бернардо Силва, Хари Кејн…
Мбапе со последното интервју го влоши односот не само со раководството на ПСЖ, туку и со голем дел од соиграчите, па што и да се случи, Луис Енрике се чини дека нема да смета на него.
Како што сега стојат работите, ПСЖ ја планира сезоната без Мбапе.
Неговата продажба е комплицирана, а не се исклучува можноста доколку Мбапе одбива да биде продаден, да биде пратен на трибините и да не заигра во новата сезона.
Во меѓувреме ПСЖ се засилува, досега раководството ги потврди Угарте, Асенсио, Шкрињар, Канг Ин Ли и Лукас Ернандез.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.