ПСЖ има нов приоритет за наследник на Мбапе, подготвил 80 милиони евра

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Неколку извори пренесуваат дека ПСЖ го поставил Квича Кварацхелија како приоритет за наследник на Килијан Мбапе, „светците“ се подготвени да платат 80 милиони евра.

Килијан Мбапе по крајот на сезоната ќе си замине од Париз, а ПСЖ на радарот има неколку имиња како потенцијални наследници на напаѓачот.

Последните информации велат дека приоритет на „светците“ е Квича Кварацхелија, и претставници на ПСЖ веќе оствариле контакт со луѓето од кампот на напаѓачот на Наполи.

Се шпекулира дека ПСЖ е подготвен да плати околу 80 милиони евра, но ова нема да биде доволно за реализирање на трансфер.

Аурелио Де Лаурентис нема лесно да се откаже од Квича Кварацхелија, особено што се очекува да биде продаден Виктор Осимен. Па за Грузиецот да го напушти југот на Италија, ќе бидат потребни околу 120  милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани