„Светците“ до
овој момент потрошија околу 110 милиони евра на ангажман на Мануел Угарте и
Лукас Ернандез, планот е да се потроши уште речиси двојно повеќе до крајот на
преодниот рок.
Ле Паризиен
објави дека ПСЖ на располагање има 200 милиони евра за засилување на нападот.
Приоритет е
Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој покрај тоа што игра како крило, се снаоѓа
на уште неколку позиции во средниот ред. Португалецот му е добро познат на
спортскиот директор Луис Кампос, кој има зелено светло и од тренерот Луис
Енрике за реализирање на трансферот.
Планот е Бернардо
Силва да игра по десната крилна позиција, Килијан Мбапе да биде лево крило, а
во форот расен голгетер, прва желба за оваа позиција е Хари Кејн од Тотнем.
Насер Ал Келаифи отпатува
во Лондон на средба со агентите на напаѓачот за да опипа терен, и зделката
воопшто не е лесна. Се верува деак Хари Кејн преферира преселба во Баерн
Минхен, а и Тотнем во овој момент одбива да го продаде Англичанецот.
Планот Б е Виктор
Осимен од Наполи, а како трета опција се посочува Гонсало Рамос од Бенфика.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.