ПСЖ и Манчестер јунајтед во трка по Лаутаро Мартинез

by
1 минути читање

Лаутаро одигра одличен меч на Камп Ноу против Барселона и повторно ги активира шпекулациите за неговата иднина.

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пишува дека и ПСЖ и Манчестер јунајтед го контактирале агентот на Лаутаро, Алехандро Камањо, тоа се случило брзо по мечот на Камп Ноу.

Лаутаро засега не е заинтересиран за заминување од Интер, фокусиран е на италијанскиот клуб и на настапот на Светското првенство во Катар.

ПСЖ ќе се обиде да го искористи пријателството на Меси за да го донесе Лаутаро, но тоа веројатно ќе има ефект само доколку Лео продолжи во францускиот клуб.

Манчестер јунајтед сака сериозно засилување во нападот, Роналдо ја игра последната сезона таму, но е далеку од својата препознатлива форма. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани