69
Со денови се
веруваше дека Јулијан Нагелсман ќе го наследи Кристоф Галтие на клупата во ПСЖ,
но преговорите пропаднаа оваа недела. Неколку имиња потоа беа посочени како нови
кандидати, а Л’Екип попладнево објави дека изборот паднал на Луис Енрике.
Поранешниот
предводник на Шпанија и Барса бил тренер по мерак и на првиот човек Ал Келаифи
и на спортскиот директор Луис Кампос.
Начелно е
постигнат договор и во следните денови ќе се пеглаат деталите. Се очекува во
скоро време да пристигне официјално соопштение, но „светците“ се претпазливи по
она што им се случи со Јулијан Нагелсман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.