Изминативе години
често имаше стории за нетрпеливост во соблекувалната на ПСЖ и поделба на кланови,
тој на фудбалерите од Јужна Америка бил доминантен и често правел проблеми.
Но проектот на
„светците“ сега оди во друг правец, за нешто повеќе од една година, ПСЖ го исчисти
јужноамериканскиот клан.
По освојувањето
на титулата во Лига 1 во сезоната 2021/2022, Нејмар на социјалните мрежи објави
фотка од прослава на која присуствуваа Лео Меси, Анхел Ди Марија, Серхио Рамос,
Мауро Икарди, Леандро Паредес, Андер Ерера и Кејлор Навас.
По денешниот
трансфер на Нејмар во Ал Хилал, од оваа група фудбалери остана само Кејлор
Навас, но се очекува и тој да си замине до крајот на преодниот рок, активно му
се бара нов клуб.
Анхел Ди Марија
како слободен играч замина од Париз летото во 2022 откако ПСЖ не му понуди нов
договор, а Андер Ерера беше испратен на позајмица во Атлетик Билбао, неговиот
трансфер на „Сан Мамеш“ стана перманентен во јануари 2023 година.
Лео Меси ова лето
замина откако му заврши договорот, исто како и Серхио Рамос, на кого не му беше
понудена нова соработка.
Мауро Икарди беше
продаден на Галатасарај, а Леандро Паредес е пред трансфер во Рома откако двата
клуба си подадоа рака.
CAMPEONES pic.twitter.com/K78Ne5Aunb
— Neymar Jr (@neymarjr) April 24, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.