ПСЖ очигледно го бие тежок малер. Работите трнгаа
на лошо уште на првиот натпревар по ре-старот на сезоната. Килијан Мбапе лошо
го извитка скочниот зглоб против Сент Етјен и практично нема шанси да се појави
на мечот со Аталанта во Лигата на шампиони.
Потоа следуваа уште неколку повреди и под знак прашалник
за четвртфиналето се и Марко Верати, Лавин Курзава и Тило Керер.
„Светците“ сега пријавија нова повреда, овој пат
настрадал тренерот Томас Тухел кој има дисторзија на скочниот зглоб и фрактура
на петтата метатарсална коска на стапалото.
Ова е прилично сериозна повреда, фудбалерите одат
на операција и паузираат неколку месеци, но Германецот сигурно нема да оди под
нож и ќе се лекува конзервативно. Тој сепак нема да може да стои крај аут-линијата
како на претходните натпревари, и ќе мора често да седи на столчето.