180
Сонот на ПСЖ за освојување на Лигата на шампионите нема да се оствари ниту оваа сезона, елиминирани се уште во осминафиналето и тоа благодарение на голови на свои поранешни играчи.
На првиот натпревар стрелец беше Кингсли Коман кој потекнува од таму, а сега клучниот гол го даде Чупо Мотинг кој исто така го носеше дресот на ПСЖ.
Во самиот финиш од мечот победата ја завери Серж Гнабри кој ги постави конечните 2-0 за Баерн Минхен.
Баварците беа значително подобар противник во текот на 180 минути игра и сосема заслужено одат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
ПСЖ доби уште една лекција дека успех со многу ѕвезди во тимот не се прави.