ПСЖ донесе одлука: Го отстрани Мбапе од тимот и го стави на продажба!

by
1 минути читање

Раководството на ПСЖ донесе одлука да го врати Мбапе од турнејата во Јапонија, тој веќе нема да биде дел од тимот. Има две опции, едната е да потпише нов договор, а другата да биде продаден ова лето.

ПСЖ се чувствува предадено од Мбапе откако наводно дознале дека тој има договор со Реал Мадрид да замине како слободен играч таму следното лето.

Францускиот клуб сака да го продаде Мбапе колку што е можно побрзо и ќе преговараат со сите заинтересирани клубови, отворени се за секакви решенија.

Проблемот за нив е што на крајот од желбата на Мбапе ќе зависи дали тој ќе биде продаден или не. Напаѓачот може да ги одбие сите предлози ова лето и да замине како слободен играч во Реал Мадрид.

Ако неговиот став е таков, речиси сигурно е дека ПСЖ ќе го отстрани од тимот и тој една година нема да заигра официјален натпревар. 

Ако Мбапе остане во ПСЖ и следната сезона, ќе заработи 150 милиони евра, 60 милиони евра за плата и плус 90 милиони евра бонус за лојалност.

ПСЖ ова лето да го даде Мбапе и беспари, ќе ги заштеди тие 150 милиони евра, па се чини дека францускиот клуб полека влегува во таква ситуација, да прифати било каква понуда за напаѓачот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани