Луис Кампос кој дојде на местото на Леонардо и е главен оперативец во клубот, сака да го промени менталитетот на фудбалерите на ПСЖ за новата сезона.
Според „Л’Екип“, ПСЖ ангажирал професионалец кој треба да им ја избрише непријатната меморија на фудбалерите од Лигата на шампионите во изминатите сезони, особено од последната.
Во минатата сезона ПСЖ имаше 1-0 од првиот меч, на Сантијаго Бернабеу поведе, но во финишот набрзина прими три голови и доживеа елиминација. По првиот примен гол, фудбалеритет на францускиот тим како да се изгубија на теренот и само гледаа како се полни нивната мрежа.
Луис Кампос смета дека всадувањето на победнички менталитет во тимот не треба да дојде само од тренерот, туку е потребно и спортски психолог да работи со фудбалерите.