Психологот на Диего Марадона откри дека легендата имал сериозен проблем – бил биполарен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Сведочењето на психологот Карлос Дијаз на судењето за смртта на Диего Марадона донесе нови детали за здравствената состојба на легендарниот фудбалер.

Дијаз изјави дека Марадона страдал од биполарно растројство и нарцисоидно нарушување на личноста, како и од зависности со кои активно се борел. Според него, во периодот пред смртта, поранешниот ас покажувал желба да се излечи и бил „трезен и свесен“, а токсиколошките наоди потврдиле дека починал без присуство на алкохол или други супстанци во крвта.

Психологот ги отфрли обвинувањата дека бил изолиран, посочувајќи дека ограничувањето на контактите било во интерес на пациентот и донесено со согласност на тимот и семејството. Тој нагласи дека Марадона бил чист 23 дена пред смртта и дека покажувал сериозна намера да се избори со зависностите, додавајќи дека лично не бил платен за ангажманот.

Судењето се води во Сан Исидро, каде седум членови на медицинскиот тим се обвинети за можен немар, а на дел од нив им се заканува затворска казна до 25 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×