102
Правниот комитет на Лигата на фудбалски професионалци (ЛФП) одлучи дека ПСЖ мора да му плати на Килијан Мбапе 55 милиони евра кои му ги должи на име плати и бонуси.
Мбапе и ПСЖ не најдоа компромис за долгот, двете страни стоеа цврсто на својот став, фудбалерот си ги бараше парите, клубот тврдеше дека не му должи, по што мораше да пресече француската лига.
Тие досудија во полза на Мбапе и му наредија на ПСЖ да му го исплати долгот од 55 милиони евра.
ПСЖ му должи плати за април, мај и јуни како и бонуси.