Првото големо засилување за Керик во Јунајтед може да дојде од Серија А

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед е блиску до реализација на првото големо засилување во летниот преоден рок, откако според италијанските и англиските медиуми се договорени личните услови со фудбалерот на Аталанта, Едерсон.

Бразилскиот играч од средниот ред наводно ја прифатил понудата за преселба на „Олд Трафорд“ и ги ставил во мирување разговорите со другите заинтересирани клубови, приоритет давајќи му на англискиот гигант.

Со тоа, Јунајтед се наоѓа во завршна фаза од обидот да ја засили средината на теренот, а според информациите на Фабрицио Романо, 26-годишниот фудбалер ги договорил условите и останува само формализација на договорот.

Едерсон со месеци беше под лупа на скаутите на клубот, а привлечноста на Премиер лигата, како и проектот на Јунајтед, се чини дека биле клучни во неговата одлука да ја прифати понудата.

Иако личните услови се веќе договорени, двата клуба сè уште преговараат за конечната сума, а според најавите договор би можел да биде постигнат за околу 45 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×